Прашалник

Целта на овој прашалник е да утврди дали сте биле во можност да добиете информации од јавната администрација на службениот јазик по ваш избор за време на вонредна состојба, како што е пандемијата предизвикана од корона вирусот COVID-19.

Вашите коментари ќе ни помогнат подобро да ги идентификуваме проблемите и да најдеме можни решенија за да се осигураме дека се почитуваат јазичните права на граѓаните, дури и во таква состојба.

Прашалникот ќе одземе 1 минута од вашето време.

Ви благодариме за учеството!

 

Изјава за приватност

Вашето учество е доброволно и целосно доверливо.

Агенцијата за имплементација на јазикот на РСМ е посветена на почитување и заштита на вашите лични податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

Информациите што ги давате ќе се користат само за да се добијат податоци околу имплементацијата на службените јазици во вонредна состојба.

Одговорите собрани од овој онлајн прашалник ќе останат анонимни и нема да бидат поврзани до било кој личен податок.

1. Во кое населено место/ регион живеете?

2. Општо земено, на кој службен јазик претпочитате да добивате информации од јавната администрација?

3. Што се однесува до официјалните јазици, дали имате потешкотии да добиете информации за јавното здравје или безбедност од јавната администрација на официјалниот јазик по ваш избор за време на вонредна состојба, како што е пандемијата предизвикана од корона вирусот COVID-19. (на пр. за време на прес-конференции, на веб-страници, во писмени комуникации и публикации итн.)?

4. Колку сте загрижени што не знаете дали ќе добиете информации од јавната администрација на официјалниот јазик по ваш избор за време на вонредна состојба?

5. Дали имате дополнителни коментари за вашeтo искуство при добивање информации на официјалниот јазик по ваш избор во вонредна состојба?