Компаративна перспектива на употребата на јазиците“ од авторите Села, Андева и Матовски – нова научна публикација на три јазика во издание на АПЈ
Feb 20, 2023

Во издание на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, од печат излезе научна публикација на три јазика Компаративна перспектива на употребата на јазиците, од авторите проф. д-р Илбер Села, проф. д-р Марина Андева и м-р Лазо Матовски.
Промоцијата на овие најнови публикации ( на албански, на македонски и на англиски јазик) доаѓа во пресрет на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик што ќе се одбележи на 21 февруари, а во коишто главната тематика е фокусирана кон анализа на јазичните политики на 12 (дванаесет) селектирани држави со повеќејазична традиција и специфика.
Водени од размислувањето низ научен и методолошки пристап да се прикаже правната и институционалната рамка што ја регулира употребата на јазиците во различни општествени области во анализираните држави, авторите се надеваат дека тие ќе бидат од корист за читателската публика и се достапни на официјалната веб-страница на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ на албански, на македонски и на англиски јазик.
Авторите на публикацијата би сакале да упатат благодарност до соработниците, рецензентите, стручниот тим од Агенцијата за примена на јазикот на РСМ вклучени во превод и лектура на публикацијата, како и на сите други чинители што помогнаа во нејзината изработка.
You might also like
Njoftime
Shiko të gjithaBuletin
Shiko të gjithaFurnizime Publike
Shiko të gjithaInformacion kontakti
-
rr., “Filipi i Dytë i Maqedonisë” nr. 11, kati i 3-të
Shkup, Republika e Maqedonisë së Veriut -
Phone number
02 312 1731
- Email
info@apj.gov.mk - Email