Двојазичноста наскоро ќе биде застапена во сите документи и на сите нивоа на Агенцијата за храна и ветеринарство

May 19, 2023

Двојазичноста наскоро ќе биде застапена во сите документи и на сите нивоа на Агенцијата за храна и ветеринарство

 

На средбата што ја имаа заменик-директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Денис Алити, и директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Ардијан Муслиу, а на која присуствуваа и државните советници на АПЈ, Неби Билали и Рената Баланца-Асани, се договори АПЈ да ја преземе одговорноста за превод од македонски на албански јазик на целата документација на горенаведената агенција.

Алити нагласи: „Сакаме албанскиот јазик да се користи на сите нивоа на Агенцијата за храна и ветеринарство, вклучувајќи ги и подрачните единици, со посебен акцент на сертификатите“.

Иако обемот на работа на АПЈ е голем, директорот вети дека преведувачите и лекторите интензивно ќе работат на исполнување на барањето на Агенцијата за храна и ветеринарство, во најкус можен рок

You might also like

Informacion kontakti
  • rr., “Filipi i Dytë i Maqedonisë” nr. 11, kati i 3-të
    Shkup, Republika e Maqedonisë së Veriut

  • Phone number
    02 312 1731
  • Email
    info@apj.gov.mk