Директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, го пречека на информативна средба, Арѓент Караи, шеф на канцеларијата на International Management Group (IMG).
ИМГ е присутна во Република Северна Македонија од 2001-ва година и имаат низа успешни проекти во сферата на културата и образованието, вклучувајќи ја и примената на јазикот на локално ниво.
На средбатата се дискутираа можностите за соработка на Агенцијата со ИМГ, како и сферите кои се примарни за примена на јазикот.
Страните се согласија од оваа средба да произлегуваат конкретни резултати, соработувајќи во реализација на заеднички проекти.