Директорот на АПЈ, Илбер Села, денес оствари работна посета на Инспекцискиот совет каде што оствари средба со Магдалена Филиповска-Грашкоска, претседател на Инспекцискиот совет и Даниела Рендевска, генерален секретар на Инспекцискиот совет. Двајцата соговорници оценија дека Инспекцискиот совет е клучна институција во системот на инспекциски надзор и дека ваквата средба е повеќе од корисна бидејќи претставува можност за размена на ставови во врска со примената на Законот за употреба на јазиците во работата на Инспекцискиот совет.
И покрај застојот во реализација на одредени аспекти од законот во секојдневното функционирање на Инспекцискиот совет, на средбата се разјаснија одредени дилеми во однос на практичната имплементација на законското решение, а директорот Села понуди целосна поддршка во делот на стручна помош за превод и лекторирање на службени документи и акти.
Исто така беше договорено, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, да се иницира постапка за прилагодување на подзаконските акти коишто ја пропишуваат формата и содржината на актите од инспекциски надзор заради обезбедување јазични верзии од актите на двата службени јазика.