ПОЗДРАВЕН ГОВОР НА ДИРЕКТОРОТ НА АПЈ, ИЛБЕР СЕЛА, НА ПРОМОЦИЈАТА НА НАУЧНОТО ДЕЛО НА БЕГЗАТ БАЛИУ

14
Почитувани присутни!
Дозволете ми да го изразам моето задоволство за оваа активност што се однесува на промоцијата на дејноста на проучувачот Бегзат Балиу, особено на речникот во делото на Имер Елшан, активност којашто се одвива во Агенцијата за примена на јазикот, која сè повеќе станува прифатена институција од сите научни и културни кругови насекаде во албанските простори.
Без двоумење, АПЈ секогаш ги отворила вратите за вакви средби и настани, коишто ја промовираат науката и албанската култура, особено бидејќи претставуваат значаен допринос за нашата лингвистика. Нас не соединува албанскиот јазик како национална должност, затоа чувствуваме задоволство кога секој од нас допринесува во ова поле.
Задачата на АПЈ е да понуди помош за секоја активност што се однесува на албанскиот јазик, затоа и кога станува збор за делата на нашиот пријател, Бегзат Балиу, ние сме подготвени да бидеме носители на нивната промоција и афирмација.
Не сакајќи да одолговлекувам, посакувам оваа активност да помогне во подигнување на свеста и да биде сугестија за сите оние што се занимаваат со проблемите на албанскиот јазик, за да го осврнеме вниманието кон овие дела, што се дел од науката и нашата културата, за да се изгради и дополни нашата визија кон албанскиот јазик.
Ви благодарам!
Можеби исто така ви се допаѓа