Заврши осмата недела од обуката на преведувачи и лектори

9

Во Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ) продолжи обуката на преведувачи и лектори по албански јазик во јавните институции.

Во текот на осмата недела беше спроведена обука на две различни теми. Олгер Браме предаваше на првата тема “Titrat”, додека Емил Љафе предаваше на втората тема „Çështje drejtshkrimore dhe të pastërtisë së gjuhës“.

Преведувачите и лекторите имаа можност да ги разјаснат своите дилеми на горенаведените теми со кои се соочуваат при нивната секојдневна работа.

Скопје, 13.05.2022 год.

 

Можеби исто така ви се допаѓа