Денеска, директорот на Агенцијата за примена јазикот (АПЈ), Илбер Села, оствари средба со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Во оваа прилика, Шилегов се интересираше за задачите и предизвиците со кои се соочува АПЈ. Откако го информираше околу функционирањето на Агенцијата, директорот Села изјави и дека граѓаните се жалат на недостаток на обрасци на албански јазик и називи на институции како и други информации во Град Скопје.
Од друга страна, Шилегов истакна дека се преземени мерки и се ангажирани преведувачи кои се занимаваат со јазичните аспекти.
Села и Шилегов се согласија дека двете институции да формираат работни групи за решавање на недостатоците во употребата на албанскиот јазик, нивно решавање како и до каде е примената на албанскиот јазик.
Тие ветија понатамошна меѓуинституционална соработка.