Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, го посети Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) каде што оствари работна средба со министерот Насер Нуредини.
На средбата, двете страни разговараа за продлабочување на соработката меѓу двете институции, како и за степенот на примена на Законот за употреба на јазиците, во работата на министерството.
Во оваа прилика министерот Нуредини го информираше директорот Села за кадровската состојба и техничка подготвеност на министерството во врска со усогласувањето на работните процеси со одредбите од законот. Воедно, директорот Села понуди решенија за надминување на одредени состојби, како и стручна помош во делот на превод и лектура на службени обрасци и формулари за потребите на министерството.