Bо канцелариите на Агенцијата за примена на јазикот се одржа работна средба помеѓу директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, и директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Елгафар Јусуфи.
На состанокот се разговараше за обврските кои произлегуваат од Законот за употреба на јазиците, особено член 7, обврските поврзани со табелите, печатите и називите на институциите. Агенцијата за примена на јазикот одговори соодветно на поставените прашања и изрази подготвеност за продлабочување на соработката меѓу двете институции.
Истовремено, Агенцијата за примена на јазикот ги повикува сите други институции да и се обраќаат на Агенцијата преку било кое од средствата за комуникација (пошта, е-пошта и лично) доколку имаат јазични дилеми во врска со примената на Законот за употреба на јазиците. Агенцијата останува отворена за соработка.
3.9.2019
Скопје