Генералниот конзул на Република Косово во РСМ ја посети Агенцијата за примена на јазикот во Скопје

33
Генералниот конзул на Република Косово во РСМ, г. Агим Красниќи, беше пречекан од страна на г. Илбер Села, директор на Агенцијата за примена на јазикот. За време на средбата, директорот Села зборуваше за функционирањето и за сеопфатната работа на оваа значајна институција и за постигнатите успеси во примената на албанскиот јазик на службено ниво, започнувајќи од нејзиното основање па сè до денес.
Тој ја истакна и помошта и поддршката на државните институции од аспект на преводот и лекторирањето на разни службени документи и списи.
Г. Красниќи се заблагодари за пречекот и ѝ даде висока оценка на работата и на ангажирањето на Агенцијата и на директорот Села во примената на Законот за употреба на јазиците, што е секогаш од интерес за граѓаните на Република Северна Македонија.
Можеби исто така ви се допаѓа