АПЈ со свој претставник учествуваше на Меѓународна научна конференција за мултикултурно образование, којашто се одржа (онлајн) во Тетово во периодот 2-4 декември, 2020 година.
Конференцијата беше организирана од страна на Центарот за Балканска Соработка – ЉОЈА Тетово (CBC LOJA), во соработка со високообразовни установи од Република Северна Македонија, поддржан и од германскиот Центар за тренинг и вмрежување KURVE Wustrow. Излагањето на претставникот на АПЈ беше на тема „Концептот на мултикултурализмот во време на криза“ (The Concept of Multiculturalism in Times of Crisis).