Во рамките на Деновите на албанската азбука 2020 година, денес во Скопје Агенцијата за примена на јазикот потпиша Меморандум за соработка со Албанолошкиот институт во Приштина.
Меморандумот е потпишан од страна на двајцата директори на овие институции, д-р Илбер Села (АПЈ) и д-р Хисен Матоши (АИП).
По овој свечен чин, тие ја истакнаа симболиката што ја има овој меморандум затоа што е потпишан токму во Деновите на албанската азбука, како и посебната важност на соработката во областа на албанскиот јазик, разните научни и културни размени итн.