EURAC ја продолжува одличната соработка со АПЈ

39
Еден од најеминентните европски истражувачки центри EURAC, со седиште во Болцано, Италија, продолжува со поддршката за Агенцијата за примена на јазикот на РСМ.
Покрај остварените посети на претставници на АПЈ на EURAC во декември 2019 година, како и возвратна посета на претставници на EURAC во Скопје во февруари 2020 година, како учесници на Hаучна конференција во организација на АПЈ; деновиве EURAC обезбеди неколку книги за потребите на библиотеката на АПЈ, којашто веќе изобилува со голем број на книги, терминолошки речници, стручни списанија итн.
Директорот на АПЈ, Илбер Села, ја изразува својата благодарност кон EURAC, за обезбедената поддршка со уверување дека соработката меѓу двете страни ќе продолжи да се развива и унапредува со уште поголем интензитет и динамика.
Можеби исто така ви се допаѓа