AПЈ и Министерството за локална самоуправа ја зајакнуваат соработката

48
Директорот на АПЈ, Илбер Села, денес го посети Министерството за локална самоуправа каде што оствари работна седба со министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
На средбата се дискутираа прашања кои беа оценети како приоритетни во делот на имплементација на Законот за употреба на јазиците во оперативното извршување на надлежностите на министерството.
Директорот Села истакна дека министерството е важен институционален субјект кој се грижи за функционалноста на системот на локална самоуправа во интерес на испорака на квалитетни јавни услуги за граѓаните и остварување на нивните права, вклучително и во делот на употреба на службените јазици во административните постапки.
Соговорниците констатираа дека министерството се соочува со ограничен кадровски капацитет за превод и лектура, при што директорот Села понуди поддршка за надминување на ваквата состојба преку стручна помош од страна на АПЈ во делот на превод и лектура на службени акти во надлежност на министерството.
Исто така, беа разменети идеи за соработка на идни проекти во делот на изработка на публикација за употреба на службените јазици во единиците на локалната самоуправа, како и други иницијативи за коишто ќе се дискутираат модалитетите за нивна реализација.
Можеби исто така ви се допаѓа