Агенцијата за примена на јазикот и ИМГ се залагаат за соработка во иднина

188

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, го пречека на информативна средба, Арѓент Караи, шеф на канцеларијата на International Management Group (IMG).

ИМГ е присутна во Република Северна Македонија од 2001-ва година и имаат низа успешни проекти во сферата на културата и образованието, вклучувајќи ја и примената на јазикот на локално ниво.

На средбатата се дискутираа можностите за соработка на Агенцијата со ИМГ, како и сферите кои се примарни за примена на јазикот.

Страните се согласија од оваа средба да произлегуваат конкретни резултати, соработувајќи во реализација на заеднички проекти.

Можеби исто така ви се допаѓа