AПJ и Инспекторатот за локална самоуправа договорија соработка за примена на албанскиот јазик

1
Директорот Илбер Села денеска во Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ) го пречека директорот на Инспекторатот за локална самоуправа, Африм Ќоку, со кого разговараа за меѓусебната соработка на овие две институции.
Села му се заблагодари на својот колега Ќоку за покажаниот интерес и истовремено му понуди помош и поддршка за започнување со примена на Законот за употреба на јазиците во таа институција, со конкретни упатства како да се започне и како да се води овој процес во почетната фаза.
Од друга страна, директорот Ќоку, изрази волја и подготвеност да ја реализира законската обврска и очекува поддршка и соработка меѓу двете страни за понатамошна успешна реализација на овој процес.
Двајцата соговорници се согласија дека меѓуинституционалната комуникација треба да продолжи и во иднина.
Можеби исто така ви се допаѓа