Во АПЈ се промовираше книгата „Идно време на глаголот во албанскиот јазик“ од д-р Сејди Гаши

8
Во просториите на Агенцијата за примена на јазикот денес беше промовирана книгата „Идно време на глаголот во албанскиот јазик“ на авторот д-р Сејди Гаши.
На почетокот на оваа активност, учесниците во АПЈ, како и гостите од Приштина кои беа вклучени онлајн, ги поздрави директорот Илбер Села, нагласувајќи дека вратите на неговата институција секогаш ќе бидат отворени за соработка што е во интерес за албанскиот јазик.
На горенаведената книга се осврнаa истражувачите Бегзат Балиу и Наим Бериша од Приштина кои ги посочија научните вредности на ова дело.
Исто така, за книгата „Идно време на глаголот во албанскиот јазик“ зборуваше и Ахмет Селмани, раководител на Секторот за преведување и лекторирање при АПЈ, кој истакна некои аспекти што го карактеризираат ова дело.
Во дискусијата беа вклучени и неколку други учесници и завршниот говор го имаше самиот автор на книгата, д-р Сејди Гаши.
Можеби исто така ви се допаѓа