2021 година – многу плодна година за АПЈ

53
Агенцијата за примена на јазикот на РСМ ја заклучува 2021 година со многу успеси, исполнувајќи ја целосно својата обврска и мисија. Пред сѐ, беспоштедно им помогна на државните институции за примената на албанскиот јазик, со превод и лектура на документи, формулари и службени дописи за нивните потреби.
Покрај тоа, оваа година за АПЈ беше многу плодна со други активности како што се: научни конференции, семинари, обука на преведувачи и лектори, објавување на студијата „Албанскиот јазик пред и по донесувањето на Законот за употреба на јазиците во 2019г“, потпишување на меморандуми за соработка, учество на состаноци и конференции за албанскиот јазик и конечно, составување и објавување на толковниот контекстуален двојазичен речник VERBIS www.verbis.gov.mk
Несомнено, АПЈ има предвидено и многу други активности за 2022 година, коишто се поврзани со примената, негувањето и заштитата на албанскиот јазик.
Заклучувајќи ја оваа година, Агенцијата за примена на јазикот на РСМ посакува уште подобра година, многу здравје и благосостојба!
Можеби исто така ви се допаѓа