ЈП Градски паркинг – Скопје ќе соработува со АПЈ

11
Во рамките на денешната интензивна работна агенда, директорот на АПЈ, Илбер Села, го посети и Јавното претпријатие Градски паркинг – Скопје каде што се сретна со г. Бојан Христовски, директор на јавното претпријатие и неговиот заменик г. Иса Идризи.
Во оваа прилика, Села и Христовски разговараа за состојбите во јавното претпријатие од аспект на примена на службените јазици и степенот на имплементација на обврските од Законот за употреба на јазиците.
Директорот Села понуди поддршка во смисла на превод и лекторирање обрасци, формулари и други општи акти што произлегуваат од работата на јавното претпријатие, а воедно изрази и отвореност за соработка за прашања што произлегуваат од примената на горенаведениот закон.
Состанокот е во служба на поддршката што АПЈ ја дава на јавните институции со цел имплементација на Законот за употреба на јазиците.
Скопје, 23.3.2022 год.

 

Можеби исто така ви се допаѓа