Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, ја посети АПЈ

25
Амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во придружба на Катарина Живковиќ, национален програмски офицер, денес ја посетија Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), каде што беа пречекани од страна на директорот, Илбер Села и советникот Лирим Шабани.
Во оваа прилика, директорот Села му соопшти на амбасадорот за досегашните активности на Агенцијата, истакнувајќи ја меѓусебната соработка со ОБСЕ.
Како плод на оваа континуирана соработка е поддршката за издавање на Прирачник- за обука за превод и толкување од македонски на албански и од албански на македонски јазик и за лектори по албански јазик.
Амбасадорот Која им подели Прирачник на преведувачите и лекторите од јавните институции, кои се опфатени во Обуката за преведувачи и лектори, организирана од страна на АПЈ.
На оваа средба, двете страни повторно ја утврдија нивната соработка и подготвеност за организирање на идни заеднички проекти.
Можеби исто така ви се допаѓа