Шефицата на Советот на Европа во Скопје, Ана Зец, ја посети Агенцијата за примена на јазикот

106

Советот на Европа во Скопје даде силна и конструктивна поддршка за државата, почитувајќи ги законите за човековите и јазичните права, рече денеска Ана Зец, шефица на Канцеларијата на Советот на Европа во состанокот со претставниците на Агенцијата за примена на јазикот.

За време на средбата беше поздравена одличната соработка помеѓу двајцата претставници на институциите во однос на интензивираниот дијалог за време на усвојување на Законот за јазиците и неговото спроведување, како и зајакнатата соработка во реализацијата на тековните проекти.

Директорот на Агенцијата, Илбер Села, информираше за внатрешната состојба, условите и капацитетот на човечките ресурси, за владината агенда во насока на исполнување на реформите на Агенцијата.

Претставничката на Советот на Европа зборуваше за програмиите и проектите, кои интензивно се развија во многу општествени сфери на делување. Изрази поддршка за приоритетите на Агенцијата за примена на јазикот, особено во подигнување на свеста кај граѓаните во врска со спроведувањето на Законот за употреба на јазиците.

Можеби исто така ви се допаѓа