Центарот за Балканска Соработка – ЉОЈА донира публикации за АПЈ

6

Центарот за Балканска Соработка – ЉОЈА Тетово (CBC LOJA), донира сет на публикации кои ќе го збогатат библиотечниот фонд на АПЈ.
Една од публикациите која излезе од печат е и Зборникот на трудови за образовaние и културна разновидност, презентирани на Меѓународна научна конференција за мултикултурно образование, организирана од страна на Центарот за Балканска Соработка – ЉОЈА Тетово (CBC LOJA), во соработка со високообразовни установи од Република Северна Македонија, поддржан и од германскиот Центар за тренинг и вмрежување KURVE Wustrow.
Зборникот на трудови содржи и авторски труд на претставникот на АПЈ, м-р Лазо Матовски, на тема „Концептот на мултикултурализмот во време на криза“ (“The Concept of Multiculturalism in Times of Crisis”).
Во оваа прилика, АПЈ се заблагодарува на Центарот за Балканска Соработка – ЉОЈА Тетово за донираните публикации и останува секогаш отворен за соработка со претставниците на невладиниот сектор.
Скопје, 8.2.2022 год.

Можеби исто така ви се допаѓа