Финскиот амбасадор во посета на АПЈ

72

Директорот на АПЈ, Илбер Села, беше домаќин на Кимо Лахдевирта, нерезидентен амбасадор на Република Финска во Република Северна Македонија.
На средбата директорот Села ја поздрави посетата на амбасадорот Лахдевирта на АПЈ како претставник од држава со голема традиција и искуство во имплементација на граѓанскиот концепт на повеќејазичност, имајќи во предвид дека финскиот и шведскиот јазик се официјални јазици во Република Финска.
Воедно, директорот Села го информираше високиот гостин за досегашната работа на АПЈ, проектните активности планирани за 2020 година, како и за тековните предизвици со кои се соочува АПЈ од аспект на потребата за кадровска и техничка доекипираност за постигнување целосен оперативен капацитет на институцијата.
Амбасадорот Лахдевирта ја оцени за исклучително позитивна и корисна посетата на АПЈ и притоа ги пренесе своите искуства од финскиот модел на спроведување на употребата на службените јазици, а изрази и подготвеност за обезбедување на релевантни контакти од финска страна заради реализирање на билатерални посети на експертско ниво.
Двете страни се заложија за продолжување на дијалогот и изразија отвореност за иницирање на соработка во области од заемен интерес.

Можеби исто така ви се допаѓа