Ученици од ООУ „Јероним де Рада“ ја посетија Агенцијата за примена на јазикот

5
Група талентирани ученици од ООУ „Јероним де Рада“ од селото Черкези, Кумановско, односно членови на литературната и уметничката секција, во рамките на ова училиште, под водство на наставникот по албански јазик, Емрах Биљаљи и наставникот по ликовно образование, Даљи Аљиљи, ја посетија Агенцијата за примена на јазикот во Скопје. Тие беа пречекани од страна на директорот на АПЈ, Илбер Села и неговите соработници, коишто ги запознаа учениците со секојдневната работа што ја врши оваа институција за примена на албанскиот јазик во РСМ. За време на оваа средба се одвиваше отворен разговор, во кој тие учествуваа во дискусија во врска со јазикот, професијата, општествената перспектива итн.
По овој повод, учениците од ова училиште, на директорот Илбер Села, му доделија благодарница и слика-портрет за работата што ја извршува во АПЈ.
Можеби исто така ви се допаѓа