Средба на директорот Села со претседателот на МАНУ

78
Директорот на АПЈ, Илбер Села, денеска ја посети Македонската академија на науките и уметностите каде што се сретна со академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, како и потпретседателите на МАНУ академик Газанфер Бајрам и академик Живко Попов.
На средбата беа дискутирани повеќе прашања од заемен интерес, како и можностите за соработка меѓу АПЈ и МАНУ.
И покрај тоа што е констатирано дека МАНУ доцни во спроведувањето на обврските што произлегуваат од Законот за употреба на јазиците, претседателот Коцарев истакна дека тоа што е законска обврска мора да се почитува и дека по завршување на процесот на измена на Законот за МАНУ којшто е во собраниска процедура, а во којшто е содржан новиот назив на академијата, истата ќе пристапи кон промена на таблата, меморандумите, печатите и веб-страницата. Исто така, ќе се пристапи и кон промена на актот за систематизација на работните места по завршување на постапката за измена и на Статутот на МАНУ.
Директорот Села истакна дека интерес на АПЈ е соработка со МАНУ како највисока научна и уметничка установа во Република Северна Македонија, имплементација на законското решение за употреба на службените јазици и во работата на МАНУ, склучување на Меморандум за соработка заради создавање основа за соработка на заеднички проекти од областа на јазичната терминологија, размена на ставови и искуства, како и учество на членови на МАНУ на настани во организација на АПЈ. Воедно, директорот Села му врачи на академик Коцарев и сет публикации во издание на АПЈ.
Двете страни изразија уверување дека ваквите средби се од конструктивен карактер и дека постои подготвеност за редовно одржување на меѓуинституционалниот дијалог.
Можеби исто така ви се допаѓа