Средба на директорот Села во Дирекцијата за заштита и спасување​

157

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, ја посети Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) при што оствари работна средба со директорот Аднан Џафероски.

На средбата се разговараше за прашања поврзани со имплементацијата на законското решение за употреба на јазиците во секојдневното работење на Дирекцијата.
Во оваа прилика директорот Села беше информиран од директорот Џафероски за состојбата во Дирекцијата и понуди стручна помош во делот на превод и лекторирање на службени материјали и публикации за потребите на Дирекцијата.

Двете страни изразија подготвеност за понатамошно продолжување и унапредување на соработката меѓу двете институции.

Можеби исто така ви се допаѓа