Средба за запознавање со УНОПС во РСМ

11
Во рамки на активностите на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ) за соработка со разни организации, директорот Илбер Села, во придружба на неговиот тим, остварија средба за запознавање со Канцеларијата на ООН за Проектни Услуги (УНОПС) во РСМ.
Во оваа прилика, менаџерката на проектот, Шерифе Исмаили Касапи и косоработникот на проектот, Игор Марковски, ги информираа околу активностите и дејствувањето на УНОПС во РСМ. Од друга страна, директорот Села, ги извести домаќините за работата, дејноста и законските обврски што ги има АПЈ за примена на Законот за употреба на јазиците.
На оваа средба, се дискутираше за можностите за идна соработка. Странките се заложија да одржат меѓусебна комуникација за проектите од заеднички интерес.
Можеби исто така ви се допаѓа