Средбата на Директорот на Агенцијата за примена на јазикот со врвот на Државниот архив на РСМ

161

Денеска во просториите на Агенцијата за примена на јазикот се одржа средба помеѓу директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, директор на Државниот архив на Република Северна Македонија, Кирил Петров и заменик-директорот на Државниот акрив на Република Северна Македонија, Музафер Бислими.

На состанокот беа дискутирани низа прашања, вклучувајќи ги и обврските што произлегуваат од Законот за употреба на јазиците. Агенцијата за примена на јазикот изрази подготвеност да ја обезбеди потребната поддршка на Државниот архив на Република Македонија за исполнување на своите законски обврски, додека Државниот архив вети дека ќе ја поддржи Агенцијата во градењето на капацитет и кадар во врска со Архивата на Агенцијата, и архивското работење.

Можеби исто така ви се допаѓа