Соработката меѓу АПЈ и мисијата на ОБСЕ продолжува

41
Директорот на АПЈ, Илбер Села, оствари работна средба преку видео-конференциска врска со Катарина Живковиќ, висок програмски асистент во Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Средбата беше одлична можност за продолжување на дијалогот меѓу АПЈ и ОБСЕ на теми од заемен интерес.
Претставничката на ОБСЕ информираше дека и покрај ситуацијата предизвикана од пандемијата на коронавирусот COVID-19, Мисијата на ОБСЕ ќе ги интензивира активностите за обезбедување на експертска помош за изработка на повеќегодишен стратешки документ за работа на АПЈ. Воедно, Мисијата на ОБСЕ ќе обезбеди одреден број на публикации коишто ќе бидат донирани за потребите на библиотеката на АПЈ.
Директорот Села се заблагодари за досегашната поддршка и истакна дека соработката и дијалогот со ОБСЕ сѐ од особена важност. АПЈ ќе продолжи да биде конструктивен партнер на ОБСЕ во спроведувањето на проектни активности кои имаат за цел почитување на јазичните права на граѓаните и промовирање на европските демократски вредности, нагласи директорот Села.
Можеби исто така ви се допаѓа