Соопштение

41

Во контекст на јавната дискусија поврзана со содржината на учебниците кои се во употреба во наставниот процес во сите нивоа на образование, би сакале да ве информираме дека на 21 декември 2020 година, директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, на негова иницијатива, оствари работна посета на Министерството за образование и наука (МОН), каде што оствари средба со министерката Мила Царовска.

По одржаната средба, на 11 јануари 2021 година е испратен писмен допис од страна на АПЈ до МОН во однос на дискутираните предлози за заедничка соработка од интерес на целокупното општество, пред сè, соработка во образовните процеси што во себе го вклучуваат изучувањето како на албанскиот, така и на македонскиот јазик.

Освен понудената помош од страна на директорот Села за лектура, и по потреба превод, на сите обрасци, формулари, акти коишто се во секојдневна употреба во МОН, а се неопходни во комуникацијата меѓу странките и Министерството, АПЈ предложи да биде вклучена и во дебатите што ги организира МОН и Бирото за развој на образованието во врска со учебниците по сите наставни програми, каде што АПЈ може да даде значен придонес со ангажирање научни работници од земјата и од странство, особено од областа на албанскиот јазик.

АПЈ се залага  за унифицирање на албанскиот јазик, со цел олеснување и на образовниот процес што се изведува на мајчин албански јазик, но и на непречено одвивање на работата на сите државни институции, во смисла на употреба на правилна терминологија и лексика.

Можеби исто така ви се допаѓа