Се продлабочува соработката на АПЈ со Филолошкиот факултет при УТ

55
Денес во Агенцијата за примена на јазикот на РСМ (АПЈ) престојуваше професорот Бертон Сулејмани, декан на Филолошкиот факултет при Универзитетот во Тетово (УТ), којшто беше пречекан од страна на директорот на Агенцијата, Илбер Села. Во оваа прилика, деканот Сулејмани ги подари сите броеви на списанието „Филологија“, како и на списанието „Албанологија“, во којшто се објавуваат трудови на еден од најзначајните настани во РСМ, Семинарот по албанологија, којшто е проект на УТ. Исто така, на АПЈ ѝ ги испрати материјалите и онлајн, за да се има полесен пристап до нив.
Деканот Сулејмани се сретна и со преведувачите и лекторите на АПЈ со коишто дискутираше и за обуката за преведувачи и лектори на јавните установи што ќе започне во април во просториите на АПЈ.
Директорот Села и деканот Сулејмани разговараа за можностите за продлабочување на соработката помеѓу АПЈ и Филолошкиот факултет при УТ, за да се отвори нова насока на студии на УТ – за јазична редакција.
Можеби исто така ви се допаѓа