Се одржа втората средба со претставници на Високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства

51

Bо канцелариите на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ) се реализира втората средба со претставници од Високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства.

Директорот на (АПЈ), Илбер Села, ги информираше за досегашните постигнувања на Агенцијата, потоа за првите вработувања што ќе се случуваат од понеделник.

Tој исто така информираше и за периодот до крајот на оваа година, како и плановите и стратегиите што Агенцијата ги има за следната година.

На средбата се разговараше за предизвиците што Агенцијата ги има за целосно функционирање, во однос на инвентарот, вработените кои се во процес на комплетирање и другите технички работи.

Претставниците на ОБСЕ се заинтересираа главно и за хармонизацијата на работата помеѓу АПЈ и Инспекторат за јазиците, што допрво треба да се заснови.

10.9.2019
Скопје

Можеби исто така ви се допаѓа