Се одржа втората средба со Ламберто Заниер, Висок комесар за национални малцинства на ОБСЕ

84

Илбер Села, директор на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ) беше домаќин на делегација предводена од Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, г-динот Ламберто Заниер.
На средбата, директорот Села изрази задоволство од посетата на комесарот Заниер и упати благодарност за можноста за средба во седиштето на АПЈ. Директорот Села го информираше соговорникот за досегашната работа, потребата за инфраструктурно уредување, техничко опремување и кадровска доекипираност на АПЈ и, во овој контекст, изрази отвореност за соработка со комесарот во насока на обезбедување техничка помош и работа на заеднички проекти од заемен интерес.
Комесарот Заниер истакна дека и покрај видливите предизвици со кои се соочува АПЈ за нејзино тековно функционирање и достигнување целосна оперативност, се забележува огромна волја кај директорот Села и неговиот тим за работа и остварување на планираните програмски определби.
Воедно, истакна дека клучот во градењето на концептот на едно општество за сите граѓани лежи во образованието и дека тоа е столбот кој ќе овозможи на долгорочен план создавање на мултијазично и мултиетничко општество на еднакви граѓани.
Комесарот Заниер ја потенцираше досегашната одлична соработка и комуникација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и амбасадорот Клемент Која со директорот Села и ја истакна својата заложба за понатамошно продолжување на меѓусебниот дијалог со АПЈ во насока на остварување на заедничките заложби и обезбедување на техничка помош за зајакнување на институционалниот капацитет на АПЈ.
Скопје, 1.10.2019 г.

Можеби исто така ви се допаѓа