Села се сретна со директорот за Електронско здравје „Мој термин“

203

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, во рамките на редовните работни активности , денеска се сретна со Рефик Мустафа, директор на Управа за Електронско здравство – Скопје, кој е орган на државната управа во рамките на Министерството за Здравство.
Во текот на средбата, директорот Села и неговиот соговорник разменија мислења за нивото на досегашното спроведување на обврските кои произлегуваат од законските одредби за употреба на јазикот.
Директорот Мустафа го извести директорот Села за предизвиците и пречките од примената на овој закон во управата кое управува имајќи во предвид и краткото време од неговото назначување како директор но додаде дека, во соработка со Агенцијата, ќе се посвети за надминување на проблемите кои ќе се појават во текот на работниот процес.
Странките се согласија дека соработка меѓу двете институции е неопходна за спроведување на обврските и дека АПЈ со своите капацитети останува отворена за соработка и поддршка на управата за сите прашања кои произлегуваат од примена на законското решение на употреба на јазиците.

Можеби исто така ви се допаѓа