Села се состана со претседателката на Комисијата за хартии од вредност

194

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, ја заврши последната службена средба за 2019 година со Нора Алити – претседателка на Комисијата за хартии од вредност на РСМ, која ја надгледува целата документација на издавачите на хартии од вредност.
Во текот на оваа средба се зборуваше за завршување на првата фаза на спроведување на Законот за употреба на јазиците каде претседателката на оваа Комисија не само што успешно ја спроведе првата фаза на овој закон, туку, благодарение на нејзината посветеност и работа, Алити го подигна овој процес на друго ниво, исто како што предвидува Законот за употреба на јазиците, и го применува прописно за сите службени документи.
Спроведувањето на двојазичноста во оваа институција е целосно направено и може да послужи како добар пример за сите други институции во Република Северна Македонија.

Можеби исто така ви се допаѓа