Ректорот на Универзитетот „Кадри Зека“ во Гнилане, проф. д-р Бајрам Косуми, ја посети АПЈ

53
Денес Агенцијата за примена на јазикот на РСМ ја посети ректорот на Универзитетот „Кадри Зека“ во Гнилане, проф. д-р Бајрам Косуми, заедно со проф. д-р Антон Бериша од Универзитетот во Козенца, како и некои други личности од областа на науката, културата, литературата и др.
Директорот на АПЈ, проф. д-р Илбер Села, ги пречека гостите и ги запозна со досега реализираната работа во оваа институција, како и со понатамошните предизвици и обврски коишто треба да ги исполни од гледна точка на примената на Законот за употреба на јазиците.
Гостите подетаљно се заинтересираа за функционирањето на АПЈ и упатија честитки за работата што ја извршува, а којашто се однесува на примената на албанскиот јазик на службено ниво, притоа давајќи ѝ целосна поддршка.
Можеби исто така ви се допаѓа