Работна средба со заменик-директорот на Казнено-поправниот дом

75

Денеска во канцелариите на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ) беше во работна посета заменик-директорот на Казнено-поправниот дом, Садуш Арифи, каде што на средбата со директорот на АПЈ, Илбер Села, разговараа околу обврските што произлегуваат од Законот за употреба на јазиците.

Во оваа прилика, Садуш Арифи, го извести директорот Села за предизвиците и пречките во спроведувањето на овој закон во казнено-поправните институции.

Соговорниците се согласија да одржат вакви состаноци во иднина, со што ќе се продлабочи соработката на двете институции во спроведувањето на обврските што произлегуваат од Законот за употреба на јазиците.

Скопје, 4.10.2019 година

Можеби исто така ви се допаѓа