Работна средба со директорот на Зоолошка градина во Скопје

41
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, д-р Илбер Села, заедно со раководителот на сектор за планирање, координација и развој д-р Марјан Патлиџанковски денес оствари средба со директорот на Зоолошката градина во Скопје господин Ѓорѓи Галетановски. На средбата се разговараше за примената на Законот за употреба на јазиците во Зоолошката градина – Скопје.
За време на разговорот со господинот Галетановски дознавме дека во новиот Дино парк целосно се спроведува употребата на двата службени јазика на РСМ.
Таблите за информирање и известување на граѓаните во Зоолошката градина не се преведени на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на РСМ, но при скенирање на QR кодот кај секое изложено животно се добива превод и звучен опис за животното на албански јазик.
Директорот на Агенцијата, д-р Илбер Села понуди соработка и помош при преведување и лекторирање на сите табли за информирање на граѓаните, а директорот Галетановски изрази задоволство од укажаната соработка.
Можеби исто така ви се допаѓа