Работна средба со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи

59

По посетата на општина Чашка, директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, придружуван од неговиот тим, ја посети општина Тетово, каде беше примен од градоначалничката Теута Арифи.

Во оваа прилика, градоначалничката Арифи,го информираше директорот Села за активностите и мерките што оваа институција на локална самоуправа ги презема со цел да се почитува правото на употреба на албанскиот јазик, како основно право на Албанците во РСМ, и тоа мора да биде применет ефективно и одговорно од институциите во земјата.

Од друга страна, директорот Села ги прикажа достигнувањата на АПЈ, информирајќи ја градоначалничката Теута Арифи за почеток наскоро на проектот за обука на преведувачи во локалните и државните институции.

Директорот Села ја истакна важноста на јазичното искуство на градоначалничката Теута Арифи, како предавач, што во блиска иднина може да им служи на потребите на АПЈ.

На крајот од состанокот, директорот Села и даде на градоначалничката Арифи пакет публикации на АПЈ во врска со спроведувањето на Законот за употреба на јазиците.

Можеби исто така ви се допаѓа