Работна средба помеѓу Агенцијата за примена на јазикот и Нансен Диалог Центар

60

Денес, во просториите на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ) беше одржана работна средба помеѓу директорот на АПЈ, Илбер Села, и извршниот директор на здружението на граѓани Нансен Дијалог Центар Скопје, Ветон Зеколи.

Во оваа прилика, директорот Села го информираше соговорникот за досегашната работа, планираните активности и предизвиците со кои се соочува АПЈ во спроведувањето на надлежностите согласно закон.

Од друга страна, Зеколи го извести соговорникот за тековните активности на здружението, подготовката на двојазична публикација (разговорник) на македонски и албански јазик која се очекува да биде објавена до крајот на 2019 година, како и за работата на тренинг центарот за професионално усовршување на педагошки кадар според Нансен моделот за интегрирано образование.

Двете страни изразија подготвеност за понатамошно продолжување и унапредување на меѓусебната соработка во насока на размена на искуства, техничка помош, како и работа на проекти од заеднички интерес.

Можеби исто така ви се допаѓа