Работна средба на директорот Села со министерката за труд и социјална политика МТСП), Мизрахи

72

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, го посети Министерството за труд и социјална политика при што оствари работна средба со министерката Рашела Мизрахи.

За време на средбата директорот Села истакна дека АПЈ е секогаш отворена за меѓуинституционална соработка, вклучително и тоа со МТСП како исклучително важна институција. Од особена важност е министерството да обезбеди доследна имплементација на Законот за употреба на јазиците во интерес на граѓаните. Воедно, директорот Села понуди поддршка на министерството за преведување и лекторирање на обрасци, формулари и барања кои ги користат граѓаните во постапките за остварување на своите права во потребните постапки.

Министерката Мизрахи изрази задоволство од средбата при што ја искористи приликата да го информира директорот Села за наследената состојба од аспект на примена на законското решение за јазиците, а воедно се заложи за подобрување на состојбите и за натамошно унапредување на соработката меѓу двете институции.

Можеби исто така ви се допаѓа