Работна средба на директорот Села со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и заменик министерот Назим Буши

67
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, Илбер Села, го посети Министерството за внатрешни работи каде што оствари работна средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик министерот Назим Буши.
Во оваа прилика, директорот Села го информира министерот Спасовски за веќе воспоставената соработка со Министерството за внатрешни работи како исклучително значајна институција, истакнувајќи дека за потребите на Одделот за граѓански работи во 2020 година беа преведени и лекторирани службени обрасци на министерството.
Исто така, директорот Села изрази интерес за унапредување на соработката меѓу двете институции и го поздрави ангажманот на министерот Спасовски во спроведувањето на обврските од законското решение за употреба на јазиците, а заради остварување на правата на граѓаните во постапките пред Министерството за внатрешни работи.
Двете страни ја оценија средбата како исклучително корисна и се заложија за продолжување на дијалогот и воспоставената соработка.
Можеби исто така ви се допаѓа