Работна средба на директорот Села во MBP

425

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, Илбер Села, оствари работна средба во Министерството за внатрешни работи (MBP) пришто се сретна со Џевдет Азизи, помошник министер во Оддел за граѓански работи, Лидија Петрова Мојсовска, началник на Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи, Надица Велевска, началник на Сектор за управно-надзорни работи, Елизабета Поповска Томова, Славица Михајловска и Бесим Ѓуреци, претставници од соодветните одделенија при Секторот за управно-надзорни работи.

На работната средба се разговараше за прашања од доменот на примена на службените јазици, особено во граѓанските постапки, издавањето на управните акти, изготвување на барања, потврди, дозволи, водење на регистри и евиденции на министерството, како и за други прашања од интерес на двете страни.

Во оваа прилика директорот Села изрази интерес за соработка и понуди конкретна помош за превод и лекторирање на разни формулари и обрасци за потребите на министерството, а го поздрави и ангажманот на помошник министерот Азизи и неговите соработници во спроведувањето на обврските од законското решение за употреба на јазиците, заради остварување на правата на граѓаните на службените јазици и во постапките за кои е надлежнa MBP.

Можеби исто така ви се допаѓа