Работна средба на директорот Села во Министерството за правда

36
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, го посети Министерството за правда при што оствари работна средба со министерот за правда Бојан Маричиќ.
Заблагодарувајќи се за средбата, директорот Села истакна дека средбата има за цел да се направи осврт на состојбата поврзана со имплементација на одредбите од Законот за употреба на јазиците на институционално ниво и во правосудството, како и дискусија по однос на имплементирање на најдобри практики за спроведување на законското решение за што се потребни значителни материјални и кадровски ресурси.
Директорот Села достави сет на публикации во издание на АПЈ и ја изрази подготвеноста за меѓуинституционална соработка со Министерството за правда, нудејќи стручна помош во делот на преведување и лекторирање на обрасци, формулари, особено уверенијата коишто ги добиваат граѓаните, а чиешто издавање е во надлежност на министерството како што се уверението за положен правосуден испит, испит за извршители, медијатори, нотарски испит итн.
Двете страни ги реафирмираа своите заложби за продолжување на дијалогот и натамошно унапредување на меѓуинституционалната соработка.
Можеби исто така ви се допаѓа