Работна средба на директорот Села во Агенцијата за цивилно воздухопловство

88
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, ja посети Агенцијата за цивилно воздухопловство каде што оствари работна средба со директорот Томислав Тунтев.
Директорот Села се заблагодари за можноста за средба и ја изрази отвореноста за поддршка на Агенцијата за цивилно воздухопловство во делот на превод и лекторирање на акти (уверенија, пилотски дозволи итн.) кои ги издава Агенцијата, како и помош во делот на превод на специјализирана воздухопловна терминологија којашто произлегува од меѓународни воздухопловни прописи и стандарди.
Директорот Тунтев информира дека Агенцијата како независно регулаторно тело со јавни овластувања работи согласно прифатените меѓународни воздухопловни прописи и стандарди на ICAO, EUROCONTROL, JAA/EASA, ECAC и останува отворена за соработка со АПЈ за прашања од заемен интерес.
Двете страни се заложија за продолжување на дијалогот и во иднина.
Можеби исто така ви се допаѓа