Работна средба на директорот на АПЈ, Илбер Села со претставници на филолошките факултети

84
Директорот на АПЈ, Илбер Села, со надворешната советничка, д-р Ајтене Ќамили и раковдителот на секторот за превод и лектура, Ахмет Селмани, одржаа работна средба со д-р Бертон Сулејмани, декан на филолошкиот факултет во УТ, д-р Демуш Бајрами, професор во Универзитетот на југоисточна европа, д-р Мустафа Ибраими, професор во Универзитетот Мајка Тереза и д-р Исмет Османи, професор на катедрата за албански јазик и книжевност во Универзитетот „Св Кирил и Методи“.
Во овој повод, директорот Села ги информираше претставниците околу преземените активности на АПЈ за одбележување на Европскиот ден на јазиците, на 26 септември 2020 и Денот на преводот на 30 септември 2020. Понатаму, тој зборуваше и за плановите и соработката на АПЈ со овие факултети, како добра можност за организирање на заеднички активности за многу важни прашања што се однесуваат на албанциот јазик во Република Северна Македонија.
Сите овие негови идеи и понуди едногласно беа поддржани од присутните, давајќи други дополнителни мислења и предлози во врска со изготвување на разни терминолошки речници, обука за преведувачи и лектори за потребите за институциите, организирање работилници со студенти, организирање на научни конференции, итн.
Можеби исто така ви се допаѓа