Работна средба во Oпштина Зелениково

43
По реализираните средби во општините: Чашка, Тетово и Бутел, директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, придружуван од неговиот тим, ја посети Oпштина Зелениково, каде што беше примен од градоначалникот Борче Гиевски.
Посетата беше реализирана на иницијатива на директорот Села, заради согледување на состојбата околу спроведувањето на Законот за употреба на јазиците во оваа единица на локалната самоуправа во којашто околу 30%, според статистички податоци од последно извршениот попис, од населението се Албанци. Директорот Села понуди соработка и истакна дека АПЈ ќе ѝ помогне на општината, во процесот на усогласување на својата работа со позитивните законски прописи.
Од друга страна, градоначалникот Гиевски изрази подготвеност и волја да се подобри состојбата околу употребата на албанскиот јазик, низ процесот на соработка и со поддршка на АПЈ. На крајот од средбата, директорот Села му врачи на градоначалникот Гиевски сет публикации во издание на АПЈ поврзани со спроведувањето на Законот за употреба на јазиците.
Можеби исто така ви се допаѓа