Работна посета на Управата за извршување на санкции

126

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, во рамките на своите редовни работни активности, оствари посета на Управата за извршување на санкции (УИС) каде што оствари работна средба со Јовица Стојановиќ, директор на Управата.

На средбата, директорот Села со својот соговорник разменија ставови околу досегашниот степен на реализација на обврските кои произлегуваат од одредбите од Законот за употреба на јазиците, од страна на УИС, како и во казнено-поправните установи на територијата на Република Северна Македонија.

Двете страни се согласија дека е потребно динамизирање на реализацијата на обврските и дека АПЈ со своите капацитети останува отворена за соработка и поддршка на УИС за сите прашања кои произлегуваат од примената на новото законско решение за употреба на јазиците.

Оваа средба е во полза на забрзувањето на примената на Законот за употреба на јазиците од страна на горенаведената институција која доцнува во овој правец.

Скопје, 7.10.2019 г.

Можеби исто така ви се допаѓа