Работна посета на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

36
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, оствари работна посета на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ), каде што беше пречекан од страна на директорот Марко Ѓоргиевски.
Од оваа посета се увиде дека во институцијата имало застој во примената на законските одредби што произлегуваат од Законот за употреба на јазиците.
Директорот Села понуди конкретна помош од АПЈ, од аспект на превод и лектура на различни формулари што НАЕОПМ ги користи. На директорот Ѓоргиевски му беа подарени изданија од АПЈ, коишто ќе помогнат во примената на гореспоменатиот закон.
Страните се заложија за да ја продлабочат нивната заемна соработка.
Можеби исто така ви се допаѓа